Актуелниот шампион во кралската класа Франческо Бањаја доби дозвола докторите да излезе на патеката претстојниот тркачки викенд на патеката Мизано на трката за Големата награда на Сан Марино.
Возачот на Дукати имаше тешка несреќа во неделата, на стартот на трката на патеката Каталуња, кога беше исфрлен од своето Дукати, а потоа Бред Биндер го прегази. За среќа, Италијанецот помина без скршеница, но со набиеници, поради што пред да пристигне на патеката „Марко Симончели“ најави дека сака да се обиде да вози. За да се случи тоа мораше да направи лекарски прегледи кои ги направи во четвртокот наутро.
Бањаја има 50 поени предност пред Хорхе Мартин од Прамак Дукати пред трката на домашен терен, а до крајот на сезоната остануваат уште девет тркачки викенди.
Популарниот Пеко ќе биде единствениот фабрички претставник на „Дукати“ во Мизано, бидејќи тимскиот колега Енеа Бастианини ќе ги пропушти најмалку следните три трки поради скршеници на рацете и нозете.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА