Бањаја доминантно до победа и на главната трка на холандското гран-при

По вчерашната победа во спринт трката, актулениот шампион во Мото ГП, Франческо Бањаја стигна до доминантна победа и на главната трка на големата награда на Холандија.

Италијанецот на Дукати на доминантен начин стигна до нов триумф во шампионатот откако на патеката во Асен, уште од самиот старт го задржа водството и во ниту еден момент не им дозволи на конкурентите да ја загрозат неговата победа.

На второто место заврши актуелниот лидер, Шпанецот, Хорхе Мартин на Прамак, додека подиумот го надополни вториот возач на фабричкиот Дукати, Енеа Бастиани. Во топ 10 завршија уште и: Марк Маркез, Диџантонио, Вињалес, Биндер, Алекс Маркез, Фернандез и Морбидели.

Се вчитува...