Возачот на Дукати, Франческо Бањаја доминираше на трката за Големата награда на Јапонија во Мото ГП шампионатот.
Актуелниот шампион водеше од почеток до крај за негова прва победа во Мотеги во кралската класа, а осма оваа сезона. На второто место заврши Хорхе Мартин од Прамак Дукати по неверојатното свое возење. Мартин стартуваше од единаесеттата позиција а на крај пробивајќи се десет позиции дојде до второто место. На третото место се најде возачот на Гресини, Марк Маркез.
Бањаја сега ја намали разликата во однос на Мартин на 10 бода во генералниот пласман, а до крајот на сезоната остануваат уште четири трки.
Следната трка во шампионатот во Мото ГП е за Големата награда на Австралија од 18 до 20 октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА