Актуелниот шампион во мото ГП, Франческо Бањаја на Дукати е победник на спринт трката која утрово се возеше на патеката Мотеги за главната награда на Јапонија.
Бањаја трката ја заврши со вкупно време од 21:01.074 минути што беше за 181 илјадити дел од секундата од неговиот клупски колега од Дукати, Енеа Бастијанини. Подиумот го надополни најдобриот мотоциклист на сите времиња, Марк Маркез на Гресини.
Водечкиот во генералниот пласман, Шпанецот, Хорхе Мартин на Прамак заврши на четвртото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА