Актуелниот шампион во Мото ГП Франческо Бањаја на Дукати славеше на сприн-трката на патеката Муџело. Италијанецот до победата стигна на домаинантен начин, пред Марк Маркез и Педро Акоста.
Лидерот во генералниот пласман Хорхе Мартин направи голема грешка поради која не успеа да ја заврши трката. Во топ 10 уште се најдоа и: Франко Морбидели, Маверик Вињалес, Бред Биндер, Фабио Диџантонио, Алекс Маркез, Алеиш Еспаргаро и Раул Фернандез.
Главната трка на Муџело е закажана за утре со почеток во 14 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА