Актуелниот шампион во Мото ГП, Франческо Бања стигна до победата на спринт трката за големата награда на Соединетите американски држави која се вози во Остин во сојузната држава Тексас.
Италијанецот на моторот на Дукати победи со повеќе од две секунди над Алекс Ринс кој беше единствениот кој му се закануваше во текот на трката.
Третото место му припадна на Жоан Мир на Хонда. Во позиција да стигне до подиумот беше и Фабио Квартаро. Сепак, на половина од трката падна, успеа да го подигне моторот и да ја продолжи трката, но не освои ниту еден бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА