Бањаја победи на спринтот во Барселона, но Мартин се уште е во пол-позиција за титула

Двократниот светски шампион Франческо Бањаја победи на спринт трката која поради големите поплави наместо во Валенсија се вози во Барселона.

Италијанецот на Дукати до победата стигна со убедлива трка во која во ниту еден момент не им дозволи на противниците да се понадеваат дека може да го загрозат. Второто место му припадна на неговиот тимски колега и сонародник, Енеа Бастианини.

Трет заврши актуелниот лидер во генералниот пласман, Хорхе Мартин кој во моментов има 19 поени повеќе од Бањаја пред утрешната главна трка. Мартин утре треба да заврши само во топ 10 и да стигне до својата прва титула во кариерата.

Се вчитува...