Возачот на Дукати, Франческо Бањаja, триумфираше на 18-та трка од сезоната во Мото ГП шампионатот, на Гран При трката во Тајланд.
По врнежливи временски услови во Бурирам, Бањаја ја забележа и деветтата победа сезонава, со која му го возврати ударот на Хорхе Мартин во борбата за титулата. Токму Мартин заврши на втората позиција, со само две секунди заостанување зад актуелниот шампион на целта. На третата позиција заврши Педро Акоста.
Трката во Тајланд ја одбележа и дуелот на победникот со идниот тимски колега Марк Маркез кој, пак, излета од патеката.
Бањаја сега ја намали разликата со Мартин на само 17 бода, на две трки до крајот на шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА