Бањаја победник во Асен, пад на Квартараро, трка на кариерата за Алеиш Еспаргаро

Италијанецот Франческо Бањаја е победник на големата награда на Холандија во Мото ГП шампионатот, која денеска се возеше на легерната патека Асен. Возачот на Дукати до победата стигна со убедливо возење од почетокот до крајот.

Второто место му припадна на Mарко Беѕеки од ВР46, додека подиумот го надополни Маверик Вињалес на Априлија.

Водечките во генералниот пласман Фабио Квартараро и Алеиш Еспаргаро имаа меѓусебен инцидент, по кој двајцата загубија многу места на патеката. Еспаргаро на крајот со феноменално возење успеа да освои поени и да стигна до четвртото место, додека водечкиот Квартараро доживеа уште еден пад по кој мораше да ја заврши трката. Вториот возач на Јамаха, Франко Морбидели исто така не ја заврши трката.

 

Се вчитува...