Бањаја славеше во Малезија и остана во игра за одбрана на титулата во Мото ГП

Актуелниот шампион во Мото ГП, Франческо Бањаја славеше на главната трка за големата награда на Малезија која се возеше на патеката Сепанг. Возачот на Дукати утрово славеше пред својот најголем конкурент Хорхе Мартин на Прамак Дукати.

Подиумот го надополни вториот возач на фабрички Дукати, Италијанецот, Енеа Бастианини. Марк Маркез имаше лоша трка и на крајот заврши на 12. место. Трката во еден момент беше прекината по страшниот инцидент во кој учествуваше Џек Милер. За среќа Австралиецот е во добра состојба.

Пред последната трка од годинашниот шампионат, Хорхе Мартин има 24 поени предност пред Бањаја и доколку на спринт трката биде пред Италијанецот, тој ќе ја осигура титулата во Мото ГП.

 

Се вчитува...