Бањаја возел во алкохолизирана состојба на Ибица

Италијанскиот мотоциклист, Франческо Бањаја излетал од пат под дејство на алкохол во текот на својот годишен одмор на Ибица. Според пишувањето на медиумите Италијанецот, имал 0,87 промили алкохол, а дозволената граница е 0,25.

Полициски извори потврдилеа дека Бањаја имал скоро три пати повеќе алкохол во крвта од дозволеното според законите во Шпанија. Во Шпанија секое возење со повеќе од 0,6 промили алкохол се смета за кривично дело, па затоа мотоциклистот ќе мора да оди на судење.

 

Се вчитува...