Српскиот репрезентативец Бранислав Ивановиќ, член на рускиот Зенит, вели дека ги очекува и тоа како интересна група во Лигата на Европа во која се со македонскиот шампион Вардар.
33-годишниот дефанзивец потенцира дека ќе направат се за да ја минат групата и да обезбедат европска пролет, а за него лично најинтересен ќе биде дуелот со Вардар.
„Тешка група. Има навистина сериозни тимови, иако навидум изгледаат неатрактивни. Ќе бидат добри натпревари со сите, вклучувајќи го и Вардар. Јас лично, најзаинтересиран сум за дуелот со Вардар, клуб кој добро го познавам од поранешните ју-простори, и кој е навистина сериозен противник. Што се однесува до останатите два клуба, секогаш е тешко да се игра против шпански тим, а Норвежаните традиционално секогаш многу обрнуваат внимание на европските натпреварувања. Во секој случај ќе биде интересна есен“ – вели Ивановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА