Роналдињо се соочува со нови законски проблеми откако поранешниот фудбалски генијалец не успеа да собере пари за да ја плати казната што му беше изречена од државата.
Бразилските власти почнаа истрага против Роналдињо поради нелегална изградба на објект во заштитена област, при што на екс-фудбалерот на Барселона му беше одземен пасошот. Тој требаше паричната казна да ја исплаќа на рати, но веднаш се соочи со проблеми откако беше обелоденето дека неговите банкарски сметки се празни.
Државата почна процедура за запленување на недвижниот имот што го поседува поранешниот фудбалер, и тоа две луксузни куќи, едната во Рио де Жанеиро, а другата во неговата матична држава Рио Граде до Сул.
Ова е најновиот во низата проблеми со законот на Роналдињо, откако бразилските власти во 2018 му запленија луксузни автомобили и уметнички дела за да ги покријат казните изречени поради незаконско работење на хуманитарната организација што го носеше неговото име.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА