Тениската легенда, Борис Бекер пред две години објави банкрот. Компанијата која сега се занимава со неговиот финансии стави на онлајн аукција 82 трофеи на Германецот. Најмногу пари собра пехарот од титулата на на УС Опен од 1989 година, 170.000 евра. Вкупната собрана сума е 750.000 евра.
Меѓу продадените трофеи беше и репликата на пехаот од титулата Дејвис купот за која најупорниот купувач даде 55.000 евра. Продажбата беше планирана за минатата година, но тогаш трофеите не ја доситгнуваа поскауваната цена, па компанијата ја прекина аукцијата.
Борис Бекер во моментов работи како стручен аналитичар за Вимблдон на британската Би-Би-Си.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА