Навивачите на Ривер Плата кои ја имаат квалфикацијата „мафија на аргентинскиот фудбал“ се главните виновници за нападот на автобусот на Бока Јуниорс пред ревашнот од финалето во Копа Либертадорес. Поради насилствата пред стадионот „Монументал“ дербито е одложено на неодредено.
Градоначалниот на Буенос Аирес, Орасио Родригез Ларета соопшти дена нападот е всушност одмазада за апсењето на водачот на Бара Брава, екстремистичка навивачка групна на Ривер.
„Проблемот е во Бара Брава, мафијашка група кој е во фудбалот веќе 50 години. целата оваа ситуација е директно поврзана со апсењето кое се случи ден претходно. имаше забрана за влез на натпреварот на 300 навиовачи и тие ги предизвикаа нередите. тоа беше одмазнички чин“ – вели Родригез.
Според најавите, новиот термин за мечот ќе биде одреден во вторник на состанок на двата клуба со посредништво на претставници на Јужноамериканската конфедерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА