Барак Обама го купува Феникс?

Познатиот НБА аналитичар, Бил Симонс ексклузивно открива дека поранешниот американски претседател Барак Обама би можел да биде еден од сопствениците на Феникс Санс откако групација во која самиот е дел изразила голема желба за инвестирање во најсилното кошаркарско првенство.

Како потсетување, сопственикот на НБА тимот, Роберт Сарвер неодамна беше оптужен за расизам, сексизам и сексуално вознемирување со што е принуден да ја продаде франшизата од Аризона. Истата се проценува на најмалку четири милијарди долари, а покрај Обама како потенцијални купувачи се јавуваат и Џефри Безос, неговата поранешна сопрува Мекензи Скот, како и основачот на компанијата „Oracle“, Лери Елисон.

Барак Обама е добро познат како љубител на спортот. Тој често следи мечеви од НЦАА првенството и НБА каде јавно откри дека е навивач на Чикаго Булс.

Се вчитува...