Барак Обама со совет до Лео Меси!

Аргентина ги стартуваше подготовките за Копа Америка, натпреварување на кое Лео Меси ќе се обиде конечно да дојде и до првиот трофеј носејќи го дресот на сениорската репрезентација на „гаучосите“. Асот на Барселона освои пет „златни топки“, на клупски план ги собра сите можни трофеи, но успехот изостанакога станува збор за репрезентацијата.

Интересно видување и совет за целата ситуација сосема неочекувано пристигна од поранешниот американски претседател Барак Обама.

„Дури и луѓето кои се сметаат за генијалци мора да работат со други луѓе за да се развиваат уште повеќе Видете ја Аргентина, Меси е одличен, но тие никако не можат да го освојат Светското првенство. Мојот совет е дека мора да се согледа дека мал е бројот на луѓе кои оствариле нешто сами“ – порача Обама.

Се вчитува...