Репрезентациите на Турција и на Шведска се пласираа на Мундијалот во САД, Мексико и Канјада откако ги совладаа своите ривали Косово, односно Полска минимално.
Турција со еден гол успеа да ја освои Приштина, да слави против Косово и да обезбеди пласман на Светското првенство. Голот на Актуркоглу во 53. минута од средбата ја стиши еуфоријата на Косово, кои се надеваа на историски пласман на Мундијал. Косовците на 0:0 имаше шанса да поведе преку Аслани, а потоа откако прими гол, не успеа да дојде до израмнување со оглед дека одбраната на Турција беше на нивото.
Шведска исто се намачи со Послка и славеше со 3-2. Херој на Швеѓаните е Виктор Ѓокереш кој погоди во 88. минута од средбата, откако претходно беше 2-2. Шведска „бегаше“ со резултатот и поведе преку Еланга во 19. минута. Залевски во 33. минута успеа да израмни, а Лагербиелке пред крајот на полувремето донесе ново водстство за Швеѓаните. Меѓутоа Свидерски во 55. минута одново израмни, а Ѓокереш ја однесе селкцијата на домаќинот на Мундијал.
Во Прага на мечот помеѓу Чешка и Данска и во Зеница помеѓу БиХ и Италија ќе се играат продолженија, откако двата меча завршија нерешено 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

