Баражи: Италија против Шведска, Хрватите на мегдан со Грција

Италија како второпласирана од нашата квалификациска група нема да има нималку лесна задача за пласман на СП 2018, откако „аѕурите“ за противник во нокаут фазата ја добија селекцијата на Шведска. Скандинавците ја завршија квалификациската фаза зад Франција, во групата елиминирајќи ја Холандија, па сега ќе се обидат да земат скалп на уште еден фаворит.

Хрватска за противник ја доби Грција, двомеч во кој „коцкестите“ ќе влезат со улога на фаворити.

Најслабиот состав од неносителите, репрезентацијата на Северна Ирска, за место на мундијалот ќе се бори со Швајцарија, кој во десетте квалификациски средби забележа девет победи.

Во последниот бараж двомеч Данска ќе ги одмери силите со Република Ирска.

Првите средби ќе се играат во периодот од 9 до 11 ноември, а реваншите се закажани од 12 до 14 ноември.

ДВОЈКИ ЗА БАРАЖ

Северна Ирска – Швајцарија

Хрватска – Грција

Данска – Република Ирска

Шведска – Италија

Се вчитува...