БАРАЖИ ЗА ПРВА ЛИГА: Воска преку Тиквеш по историја, Скопје ќе се „спасува“ преку Беласица

Денеска во ФФМ беа извлечени бараж двојките за опстанок/пласман во Првата лига за следната сезона.

Актуелниот прволигаш Тиквеш ќе игра против амбициозната Воска за опстанок во „елитата“. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп. За Воска ова ќе биде првиот обид за пласман во Првата лига.

Скопје, пак, за противник ја доби екипата на струмичка Беласица. „Пиратите“ ќе се обидат да обезбедат уште една прволигашка сезона, додека струмичани ќе се борат по една година пауза да се вратат во Првата лига. Натпреварот ќе се игра на градскиот стадион во Штип.

БАРАЖ ЗА ПРВА ЛИГА (22. мај – 17:00 ч.)

ТИКВЕШ – ВОСКА (ПРИЛЕП)
СКОПЈЕ – БЕЛАСИЦА (ШТИП)

Се вчитува...