Покрај баражите на Стариот континент, изминативе две ноќи беа одиграни баражите за пласман на Светското првенство следната година во Русија и меѓу Хондурас и Австралија, како и Нов Зеланд и Перу.
За жал, ниту во Сан Падро ниту во Велингтон немаше голови, па одлуката ќе падне за пет дена на реванш дуелите во Сиднеј односно Лима.
Австралија на гостувањето во Хондурас беше подобар противник, но немаше среќа да слави пред 40.000 навивачи. Најдобрата можност ја пропушти Томи Јуриќ кој го погоди дирекот во 45. минута.
На вториот натпревар, пред нешто повеќе од 6.000 гледачи Нов Зеланд и Перу одиграа крајно неинтересен натпревар. Двете екипи имаа само по една шанса, и ништо повеќе. Па, сега Перу на свој терен во Лима ќе се обиде да дојде до Мундијалот.
Ждрепката за групната фаза на СП 2018 во Русија е закажана за 1. декември во московски Кремљ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА