Прилепска Победа преку бараж дуелот против Куманово кој ќе се игра денеска во Ѓорче Петров од 17 часот ќе бара останување во Втората лига и следната сезона.
Славниот поранешен шампион е спаднат на тоа ниво, низ бараж да се бори за опстанок и во Втора лига, па денеска ќе мора преку повеќе од амбициозниот Куманово.
Во останатите две бараж пресметки и Борец ќе бара враќање во Втората лига на мечот против Велазерими во Битола, додека на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе се соочат Вардарски и Кораби.
БАРАЖИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ВТОРАТА ЛИГА (денеска, 17 ч.)
ФК ВАРДАРСКИ – ФК КОРАБИ (стадион „Борис Трајковски“, Маџари)
ФК ПОБЕДА Прилеп – ЗГ ФК КУМАНОВО (стадион „Ѓорче Петров, Скопје)
ФК ВЛАЗЕРИМИ Ј 1977 – ФК БОРЕЦ 1919 (стадион „Петар Милошевски“, Битола)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА