Арсими против Овче Поле и Вардар Неготино против Караорман се бараж дуелите за пополнување на последните две места за единствената Втора лига за сезоната 2022/23, одлучи денешната ждрепка во ФФМ.
Арсими и Овче Поле меѓусебниот бараж дуел ќе го играат во среда (22. јуни) со почеток од 17 часот на стадионот во Ѓорче Петров, додека Вардар Неготино и Караорман ќе се соочат на стадионот „Борис Трајковски“ во скопско Маџари, во истиот термин во среда (22. јуни) од 17 часот.
Овие четири екипи ќе се соочат во баражите за пополнување на второлигашките места, откако завршија на шампионските позиции во четирите третолигашки региони, Југ (Вардар Неготино), Исток (Овче Поле), Запад (Арсими) и Југозапад (Караорман).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА