Бараж натпреварот за опстанок, односно за пласман во Првата лига помеѓу Вардар и Детонит Плачковица се игра во Струмица, на стадионот „Благој Истатов“. Двата тима ќе се борат за останување, односно пласман во „елитното“ друштво.
Мечот ќе се игра на 26. мај со почеток во 17:00 часот. Иако Струмица не ги исполнува критериумите, со оглед дека не е над 100 километри од Радовиш, местото од каде доаѓа Детонит, сепак, Вардар се согласи да игра во Струмица.
Инаку при евентуален нерешен резултат, ќе се оди веднаш на изведување на пенали, односно ќе нема продолженија. По овој меч ќе бидат познати сите идни прволигаши. Нови прволигаши се БЕСА и Пелистер, додека од лигата испаднаа Брегалница и Македонија ЃП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА