Македонските ракометарки се на чекор до пласман во баражот за СП 2019 во Јапонија, откако во решавачкиот втор меч од квалификациите славеа голема победа против Исланд со 29-21 .
По убедливиот триумф против аутсајдерот Азербејџан во првото коло, избраничките на селекторот Симе Симовски покажаа дисциплина, борбеност и сигурна игра до крај и во пресметката со многу посилната репрезентација на Исланд.
Сигурната игра во одбраната и рационалноста во нападот на македонската репрезентација и донесе сигурни шест гола предност во првото полувреме (16-10).
Она што се покажа како посебен квалитет во играта на македонскиот состав, што недостасуваше во претходните циклуси е стабилноста и константноста во играта. избраничките на Симовски во ист ритам продолжија и во второто полувреме, успеаја да ја сочуваат и да ја зголемат предноста, стигнувајќи повторно до двоцифрена предност на (25-15).
Тука беше и комплетно скршен отпорот на Исланѓанките кои не успеаја да одговорат на ритамот што го наметна македонската репрезентација и влегуваа од грешка во грешка, а Македонија мирно ги одигра завршните минути и ја запиша втората победа вио квалификациите.
Македонија има максимални четири бода по првите две кола на квалификацискиот турнир во Скопје и се издвои на првата позиција во групата. Во последниот натпревар утре, македонските ракометарки играат со селекцијата на Турција и се очекува со уште една победа да го заверат шпрвото место и пласманот во јунскиот бараж за СП 2019.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА