Барбара Лазовиќ го продолжи трендот на заминување од таборот на ЖРК Вардар, придружувајќи им се на Лекиќ, Радичевиќ и Цвијиќ со потпис за екипата на ЧСМ Букурешт. Романскиот првак денеска го официјализираше трансферот на словенечката репрезентативка, која потпиша едногодишен договор со ЧСМ и во Букурешт ќе го носи дресот со број 15.
„Пресреќна сума што се селам во ЧСМ по четири години минати во Вардар. Секоја промена е тешка, но верувам дека ја носам вистинската одлука и со нетрпение ги очекувам новите предизвици. ЧСМ е клуб со големи амбиции, отсекогаш беше мој прв избор и сакам да ја освојам Лигата на шампионите со оваа екипа“ – изјави Лазовиќ при потписот на договорот со романскиот шампион.
Покрај четирите „вардарки“ кои се селат во Романија, договори за заминување имаат и Лејно во Ѓер, Лакрабер во Флери, Сара Ристовска во Крим, Пенезиќ и Хмирова во Шиофок, додека Кликовац потпиша за унгарскиот Кишварди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА