Барбарез: Сонував за ова… нема да одиме како туристи на СП

И по една преспиена ноќ апсолутно еуфорична е атмосферата во таборот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, која со големата над Италија го обезбеди своето второ мундијалско учество во историјата.

Најголем дел од заслугите одат на адреса на фудбалерите, но и на селекторот Сергеј Барбарез кој по своето доаѓање успеа за кратко време да создаде победничка „машинерија“ која ја оствари желбата на сите жители на БиХ.

„Пред се би сакал да се заблагодарам на моите играчи, борци, синови, не знам како да ги наречам… Толку многу ги сакам, најмногу поради нивниот карактер, поради фактот дека никогаш не се предаваат. Голема благодарност за можноста да бидам ваш тренер“, изјави Барбарез на почетокот на прес-конференцијата, на која присутни беа и голем дел од фудбалерите.

„Синоќа плачев, тоа беа чисти емоции, исполнување на сонот… јас сонував еден ден да ја слушнам во живо химната на БиХ на светските првенства. Сега тоа ќе ми се оствари… Што понатаму? Па сигурно нема да одиме како туристи на мундијалот, ќе дадеме се од себе за да се претставиме во што подобро светло, да ги одиграме фајтерски трите натпревари“, порача босанскиот селектор.

Селекцијата на БиХ се наоѓа во одличната група Б каде за ривали ги има селекциите на Канада, Катар и Швајцарија, со сосема реални шанси дури и за пласман во следната рунда.

Се вчитува...