Уште една одлична партија на македонскиот репрезентативец Енис Барди во дресот на Бодрум. Ако не погодува тогаш асистира, и тоа имаше асистенција за победа.
На гостувањето против Аланијаспор, Бодрумспор оствари голема победа. Клучниот момент се случи во 81. минута, кога Барди му асистираше на Ајтемур, кој постигна погодок за победа од 0-1.
Триумф кој им носи златни бодови во битката за опстанок. На последните четири меча, Бодрум има три победи, кои на крајот може да се покажат клучни во биткта за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА