Барди: Атмосферата во репрезентацијата никогаш подобра, имаме голема желба за победа

ЕКИПА во Торшавн
Горан Бошев

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди, пред утрешниот меч со Фарски Острови истакна дека атмосферата меѓу играчите е одлична, и дека сите се подготвени да дадат максимум за освојување на трите бода.

„Сите сме свесни што не очекува, и како треба да излеземе на овој и на следните натпревари. Направивме анализа, и се што требаше да направиме за овој меч. Мислам дека сме подготвени да дадеме се од себе да извадиме што е можно повеќе. Атмосферата никогаш не била подобра во националниот тим. Доаѓаме тука со фудбалери кои имаат нови клубови, и мислам дека сите сме подготвени да дадеме се од себе за репрезентацијата“, вели Барди.

Играчот одд средниот ред кажа дека поголема желба да се игра за националниот тим нема, и дека утре Македонија ќе мора да ги искористи сите слабости на противникот.

„Во овие натпревари во Лигата на Нации не треба да ни недостасува желба, поголема желба не треба да има, и утре треба да излеземе како што сме ние, и да се обидеме тие слабости да ги искористиме и да освоиме три бода“, истакна Барди.

Се вчитува...