Македонскиот интернационалец Енис Барди, речиси сигурно во овој преоден рок ќе го напушти тимот на Трабзонспор. Според информациите од Турција, клубот веќе му соопштил на менаџерот на играчот дека нема да смета на него во иднина, по што неговиот агент веќе почнал потрага по нов клуб.
Турските медиуми пишвуаат дека за репрезентативецот се барат клубови надвор од Европа, и тоа во САД. Договорот со Трабзон е до 2025 година, а турскиот тим ќе се согласи да го пушти за отштета од 2 милиони евра, колку што е неговиот договор со клубот.
Тој дојде минатата сезона од Леванте во Турција, меѓутоа веројатно после само една сезона ќе ја напушти Турција, а можеби и Европа и ќе ја побара среќата преку „Атлантикот“.
Барди оваа сезона во 39 меча постигна шест гола во сите натпреварувања, а не запиша ниту една асистенција за турскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА