Енис Барди ќе биде новиот капитен на Македонија, откако Стефан Ристовски се повлече од националниот тим. Барди кажа дека на овој собир играчите се влезени со нови мотиви, свртена е нова страница кон успеси.
Барди кажа дека се чувствува многу емотивно, но и дека репрезентацијата има повеќе капитени, иако ја немаат лентата на рака.
„Ова за мене е многу емотивна, дека да си капитен на репрезентација значи многу за мене, и секогаш сум рекол дека има доста капитени кои немаат лента носено на рака, но има доста капитени и лидери кои заслужуваат да имаат лента. Играв со Горан и Стефан, и сега ми е чест и задоволство што јас ќе бидам нивен наследник. Ова е нов предизвик, нова страница за сите нас, и така го сфативме сите кога дојдовме тука, и треба да ни биде во глава нови резултати, нови натпревари кои не очекуваат, и да бидеме 100% сконцентрирани дека против вакви противници нема друг начин за добар резултат“, вели Барди.
Тој кажа дека екипата сега е поразлична од онаа во Палермо, со многу нови играчи.
„Кога една екипа претрпува измени не е лесно, имаме нови играчи кои доаѓаат во репреентација, така што не е лесно да се помине таа промена, верувам дека имаме искуство да ја менаџираме оваа ситуација и да дојдеме добар резултат. Само обединети можеме да дојдеме до посакуваните резултати“, изјави Барди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА