Македонската фудбалска репрезентација квалификациите за Евро 2024 ги заврши со реми од 1-1 против големата Англија во Скопје. Избраниците на Благоја Милевски одиграа фантастичен натпревар во кој имаа и водство, но на крајот мораат да се задоволат со бод.
Натпреварот го прокоментира капитенот Енис Барди кој изјави дека овие средби се од големо значење за иднината на репрезентацијата и дека се надева дека на нејзино чело ќе остане селекторот Милевски со која Барди има беспрекорна соработка уште од репрезентацијата до 21 година.
„Со селекторот Милевски направивме многу добри работи и во репрезентацијата до 21 година и сега во овој момент. Мислам дека се познавме добро и дај Боже да продолжиме да соработуваме заедно. Не ги знам деталите од неговиот договор само знам дека го почитувам многу и имам голем респект за него“, изјави Барди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА