Барди дебитираше со пораз за новиот клуб

Енис Барди по повеќе од два месеца конечно се врати на терените, откако македонскиот репрезентативец веднаш по преселбата од Трабзонспор во Бодрумспор доби шанса да дебитира за новиот клуб.

Барди влезе во игра во второто полувреме од денешното гостување на Бодрум против Коњаспор, меч што новиот клуб на македонскиот капитен го загуби со 3-1.

Тој влезе на теренот во 62. минута при негатива на неговиот тим од 3-0, Бодрум успеа да постигне почесен погодок, но гостите немаа сили да сторат нешто повеќе за да стигнат барем до бод на ова гостување во кое за ривал имаа екипа со која директно се борат за опстанок во елитното друштво.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...