Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди доби десетина минути во дебито за неговиот Бодрумспор во поразот од Ејупспор од 0-1 на домашен терен во меч од 21. коло во турската Суперлига.
Македонецот мечот го стартуваше од клупата за резерви, а во игра влезе дури во 83. минута, па немаше многу време да им помогне на своите соиграчи да се вратат на овој натпревар.
Победничкиот погодок за гостите го постигна Бингол уште во 12. минута од мечот.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА