Барди: Дербито со Валенсија е најважно да не се загуби

Леванте и Валенсија ремизираа 2-2 во градското дерби во Ла Лига. Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра целиот меч, а со фантастична асистенција учествуваше во вториот погодок што го постигна Роџер.

По натпреварот, тој даде изјава за официјалниот видео канал на Леванте.

„Ова беше вистинско градско дерби, со многу возбуда, шанси и голови. Одигравме квалитетен меч, на крајот ги поделивме бодовите. Секој сака да победи во дербито, меѓутоа, од друга страна, многу важно е и да не се загуби. Треба да бидеме задоволни, ако се знае дека во завршницата игравме и со играч помалку“, изјави Енис Барди.

Се вчитува...