Енис Барди е на добар пат да ги разреши сите дилеми околу иднината и да потпише договор со нов клуб по истекот на соработката со Бодрум. За услугите на капитенот на македонската репрезентација се интересираа клубови од Шпанија и Италија, но последните информации говорат дека Барди сепак ќе остане во Турција и ќе го облече дресот на Коњаспор.
Овој клуб веќе извесно време преговара со македонскиот фудбалер, а информациите од Турција говорат дека двете страни се многу блиску до постигнување на целосен договор.
Турските медиуми најавуваат дека Барди ќе потпише двогодишен договор со Коњапор, а платата во новиот клуб ќе му изнесува 500.000 евра по сезона.
Коњаспор ќе биде трет турски прволигаш чии бои ќе ги брани Барди во кариерата, откако претходно настапуваше за Трабзон и за Бодрум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

