Барди е „ѕвер“: Втор гол на Супер-Енис на дербито со Анталија

Енис Барди има деби од соништата во турскиот шампионат откако македонскиот репрезентативец постигна два гола за Трабзон на тешкото гостување против Анталија.

Барди влезе во игра во 43. минута кога неговиот тим губеше со 2-0 и веднаш остави силна трага, уште пред крајот на полувремето погодувајќи за 2-1.

Трабзон продолжи да притиска кон голот на домаќините и успеа да израмни повторно преку Барди, кој одлично се снајде во 73. минута и го матираше голманот на Анталија со одличен удар од работ на шеснаесетникот.

Се вчитува...