Леванте не успеа да приреди изненадување на дуелот со Севилја губејќи на едно од најтешките гостувања во „Ла Лига“ со убедливи 5-0. Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме, а Енис Барди имаше можност да го направи мечот интересен со одличниот удар при резултат 1-0, што за жал заврши само во дирекот од голот на домаќините.
Бен Једер го отвори резултатот во 48. минута, а десетина минути подоцна Барди одлично втрча во шеснаесетникот и од петнаесетина метри откосо се обиде да шутира, топката закачи еден од домашните дефанзивци, но наместо во мрежата заврши во дирекот и се врати назад во поле.
Тоа воедно беше и последна шанса на Леванте за погодок на оваа средба, до крајот можеше да се проследи доминација на домашиот тим кој преку Силва, Васкез, Сарабија (од пенал)и Промес стигна до убедлива победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА