Македонскиот репрезентативец Енис Барди со својот Леванте ставија точка на годинашната сезона во шпанската Примера.
Во последното коло Леванте загуби со 4-2 на гостувањето против Селта Виго, на тој начин останувајќи на 15. место на табелата, на крајот изборувајќи се за опстанок во најсилната лига на Пиринеите.
Барди на денешниот дуел во Виго ги одигра последните 15 минути, откако веќе беше решен победникот и постигнати сите шест погодоци. Леванте во 12. минута поведе со голот на Рочина, но потоа следеше комплетен пресврт на домашните кои поведоа и со 4-1, а на крајот Моралес во 74. минута само ги постави конечните 4-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА