По ждрепката за квалификациите од плеј-офот во Лигата на Шампиони денеска во швајцарскиот Нион беше одржана и ждрепката за квалификациите во Лига Европа.
Македонија ќе има два претставници. Еден од нив е Дамјан Шишковски кој со шампионот на Босна и Херцеговина, Борац Бања Лука го очекува средба против Класвик од Фарски Острови. Доколку составот на Шишковски ја мине оваа пречка го очекува поразениот од двомечот меѓу дански Митјиланд и унгарски Ференцварош за место во групната фаза.
Енис Барди пак со Трабзон силите ќе си ги одмери со Рапид Виена, а во случај да го елиминира австрискиот тим во следното ќе се сретне со победникот од дуелите меѓу Брага и Сервет.
Натпреварите за пласман во групната фаза од Лига Европа ќе бидат одиграни на 22. и 29. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА