Барди и Трабзон лесно до осминафинале во турскиот куп

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди и неговиот Трабзонспор без проблеми се пласираа во осминафиналето на Купот на Турција, откако славеа на домашен терен против Самсунспор со 3-0.

Домаќините поведоа уште во 10. минута со голот на Бозок со 1-0. До крајот на првото полувреме беше 2-0 со погодокот на Унувар во 28. минута. Конечните 3-0 ги постави Унувар со својот втор гол во 79. минута.

Енис Барди беше стартер на овој меч и го одигра целиот меч.

Се вчитува...