Барди и Трабзон одиграа без голови во дербито против Галатасарај

Енис Барди и неговиот Трабзонспор одиграа без голови 0-0 на домашен терен против Галатасарај во дерби натпреварот од 4. коло од годинашното издание на турската фудбалска Суперлига.

Иако гостите од Истанбул го имаа поседот на топката, сепак не беа подобар противник па ремито на крајот е најреален резултат. Македонскиот фудбалски репрезентативец повторно беше стартер за својот тим и одигра 84 минути по кои беше заменет, а на негово место влезе Холанѓанецот, Стефано Денсвил.

По ова реми двете екипи имаат по седум бодови и по четири одиграни кола се наоѓаат на шестата односно седмата позиција на првенствената табела.

 

 

 

Се вчитува...