Барди и Трабзон славеа во дербито против Башакшехир и со тоа го осигураа третото место во турскиот шампионат (ВИДЕО)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија Енис Барди и неговиот Трабзонспор славеа на гостувањето кај Башекшехир со минимални 0-1 во претпоследното коло во турскиот шампионат и со тоа го осигураа третото место во Суперлигата.

Клучниот момент во натпреварот се случи во судиското надополнување во првото полувреме кога Онуачу на асистенција на Томас Муние го постигна погодокот вреден три бода. Барди беше стартер за својот тим и го одигра целито натпревар.

Со оваа победа Трабзон и дефинитивно ќе го заврши шампионатот на третата позиција, веднаш зад Галатасарај и Фенербахче кои утре во меѓусебен дуел ќе го одлучат новиот шампион на Турција.

Basaksehir 0-1 Trabzonspor – Paul Onuachu 45'+2'
byu/Meladroitdimage insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...