Барди и Трабзон веќе со една нога во 3. коло од квалификациите за Лига Европа

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и неговиот Трабзонспор веќе со една нога се во 3. квалификациско коло за Лигата на Европа.

Трабзонспор со 0-2 триумфираше на гостувањето против словачки Ружомберок во првиот натпревар од 2. квалификациско коло.

Барди одигра повеќе од квалитетни 82 минути во средниот ред на својот тим. Турците до победата дојдоа со головите на Трезеге во првото полувреме, и Чанак во самиот финиш од натпреварот.

Се вчитува...