Откако речиси немаат никакви шанси за одбрана на титулата во Турција, Енис Барди и неговиот тим Трабзонспор веројатно ќе останат без ниту еден трофеј сезонава, откако испаднаа и од Купот.
Вечерва и покрај водството по првиот дел, Анкарагучу направи пресврт и на крајот славеше победа од 3-1 во единствениот натпревар, и тимот е сопрен во 1/4 финалето.
Барди мечот го почна од клупата за резерви, а во 65. минута беше внесен во игра, но не можеше да му помогне на својот тим да дојде до следната фаза.
Сега за Трабзон и Барди останува борбата за излез во Европа преку првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА