Барди и Трабзонспор ќе се „тестираат“ против Работнички

Трабзонспор на 25. јули ќе одигра пријателски натпревар против Работнички на подготовките во Словенија. Ова го објавија од таборот на турскиот тим, и тоа за нив ќе биде претпоследна контрола пред враќањето во Турција.

Турскиот тим, за кого настапува Енис Барди ќе има можност да се тестира против „романтичарите“, кои на 16. јули заминуваат во Терме Чатеж во Словенија.

Покрај Работнички, Трабзонспор и Барди ќе одиграат контроли и со Хајдук, Мол Фехервар, Целје и Крањ.

Барди засега останува во Трабзонспор и голема е веројатноста да биде дел од овој меч со Работнички, а на него може да му се приклучи и Езџјан Алиоски по заминувањето од Фенербахче.

Се вчитува...