Барди и Трабзонспор рутински до следна рунда во Лига Европа

Македонскиот репрезентативец Енис Барди со Трабзонспор без никакви проблеми обезбедија место во третата рунда натпревари од квалификациите за Лигата на Европа.

Трабзонспор, по победата од 0-2 во првиот меч, и на реванш дуелот против словачки Ружомберок славеше пред своите навивачи со 1-0. Стрелец на единствениот гол за турскиот тим беше Драгуш во 65. минута од средбата.

Енис Барди беше стартер за својот тим, а беше заменет во 72. минута откако се беше решено на натпреварот.

Се вчитува...