Барди има добра понуда да остане во Турција

Енис Барди е подготвен во јануарскиот преоден рок да си замине од Трабзонспор, а капитенот на македонската репрезентација има неколку интересни опции за продолжување на кариерата.

Динамо Загреб сакаше да го види во своите редови пред смената на Бјелица, но „модрите“ се уште немаат испратено конкретна понуда по тренерската рокада и доаѓањето на Фабио Канаваро. Леганес веќе испрати понуда за да го врати Барди назад во Ла Лига, а последните информации говорат дека нашиот интернационалец би можел да остане во Турција.

Башакшехир е клубот што покажува сериозен интерес за да го доведе Барди во своите редови. Згора на тоа, прволигашот од Истанбул во својот табор го има Беркај Озкан, за кого Трабзон е сериозно заинтересиран, па двата клуба преговараат за директна размена на овие двајца фудбалери.

Како што информираат турските медиуми, понудата од Башакшехир е многу интересна за Барди и тој сериозно размислува да остане во турското првенство, па останува да се види како ќе течат финалните преговори меѓу клубовите.

Се вчитува...