Не можеше да се сокриена нервозата кај Енис Барди по навистина трагичниот пораз од 2-3 од Украина во квалификациите за ЕП 2024 по предност од 2-0 за Македонија.
Македонскиот состав одигра одлични 60 минути а потоа дозволи неверојатен пресврт на Украинците. Барди не крие дека се чувствува лошо како никогаш досега во кариерата, повикувајќи секој од фудбалерите да се погледне сам себе и сите да излезат со самокритика кој каде погрешил.
„Искрено, ова ми е еден од најлошите мечеви во кариерата по кои се чувствувам навистина лошо. Имавме во наши раце се, имавме предност од 2-0 и ќе бидам најискрен како никогаш досега… Секој од нас, мора да го менуваме менталитетот. Ни недостасува фокус, концентрација. Само во еден момент се губиме на терен и потоа дозволуваме се да се сруши“ – вели Барди и дополнува:
„Посакувам само секој од нас сам со себе многу да размисли после овој меч и најпрво секој сам индивидуално да најде начин како да се поправи и како да ги подобриме нашите лични грешки. Секој од нас да пронајде зошто е ова вака, и како да се подобриме. Мора да има самокритика! Ако некој згрешил на терен сам треба да каже, да згрешив, не покрив терен, не помогнав добро, ве оставив на цедило… Мора да си го кажеме тоа, ако сакаме да одиме напред!“.
Дали ова се должи на недоволната подготвеност поради тоа што добар дел играчи не играат за клубовите? Или?
„Не. Ова се должи само на менталитетот. На психологија. Ние една милионска Украина, една фудбалски голема Украина цел еден час ја ставивме во шише. Ние 60 минути на терен изгледавме како Барселона наспроти некој аматерски клуб. А, потоа имавме само еден проблем… Примивме еден гол, и потоа следеше неверојатен пад. Како е можно таков психолошки пад? Мора да седнеме сите заедно и отворено да поразговараме меѓу себе“ – истакна Барди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА