Енис Барди е многу близу до пласман во четврт-финалето од Копа дел реј откако Леванте стигна до огромна победа на вечерашното гостување во Барселона против Еспањол (1-2). Домашниот тим прв дојде во водство, но гостите од Валенсија покажаа карактер и направија целосен пресврт, па со предност ќе влезат во реваншот што ќе го играат пред своите верни навивачи. Македонскиот репрезентативец повторно беше стартер за Леванте, излегувајќи од игра при резултат 1-1.
Реал Мадрид својата задача во осминафиналето си ја заврши уште на првиот натпревар, славејќи на гостувањето против Нумансија со 0-3. Кристијано Роналдо не беше во тимот, а „кралевите“ првите два гола ги постигнаа од пенал (Бејл и Искор), пред Борха Мајорал да стави печат на вечерашниот триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА